April 19, 2024, 10:55 am

(Видео) МВР иcтpaжyвa и нajaвyва caнкции зa бeзбeднocниoт пpoпycт зa вpeмe нa нacтaнoт нa Дeнoт нa нeзaвиcнocтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прославата одржана за Денот на независноста помина со низа пропусти меѓу кои во јавноста највпечатливи беа неинтонирањето на македонската химна на самиот почеток од манифестацијата, но и големиот безбедносен пропуст.

Курир вчера објави дека во моментот кога претседателот на државата Стево Пендаровски се движеше кон бината за да одржи свечен говор, во еден миг позади него, во непосредна близина поминува човек на велосипед. Она што е спорно е дека до првиот човек на државата не се наоѓа ниту еден член на неговото обезбедување, а по безбедносен протокол за обезбедување на ВИП личности, до него во тој момент морало да има минимум четири лица кои ќе го обезбедуваат. Но, како човекот со велосипед успеал да помине покрај сообраќајната полиција и како ниту еден од нив не јавил по врска велосипедистот да биде сопрен од останатите нивни колеги?

Извори на КУРИР кои биле во непосредна близина на бината каде седеле ВИП личностите не’ информираа дека во моментот кога било забележано лицето на велосипед од страна на обезбедувањето на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз веднаш бил направен кордон околу неа, по се изгледа плашејќи се дека ова е обид за атентат врз претседателот на државата.

Откако велосипедистот го одминал Пендаровски, видно вознемирен бил и Зоран Заев, но и Оливер Спасовски. Спасовски, откриваат нашите извори кои биле на лице место, истиот момент станал и со висок тон се обратил кон одговорните за обезбедување на местото, а изворот вели дека министерот за внатрешни работи им се заканил и со откази од работното место.

Курир вчера побара одговори на повеќе прашања за безбедносниот пропуст од Министерството за внатрешни работи и од Кабинетот на претседателот Пендаровски. Од МВР добивме кус одговор, а од Кабинетот на првиот човек на државата одговор се уште нема.

-Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот и по расчистување на случајот ќе следуваат соодветни санкции, се вели во одговорот од МВР за Курир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This