дома Интервју (Видео) Мизрахи: Заев вели дека Бугарите ја ослободиле Македонија – очигледно министерката...

(Видео) Мизрахи: Заев вели дека Бугарите ја ослободиле Македонија – очигледно министерката за образование треба да знае дека премиерот не ја познава историјата

Мизрахи вели дека поголем доказ за постоењето на историјата како посебен предмет треба да биде фактот што премиерот на владата во која членува вели дека Бугарите ја ослободувале Македонија, тогаш министерката треба да знае дека Премиерот не ја познава историјата, едноставно не знае историја.
Поголем доказ од тоа дека историјата треба да биде и тоа како посебен предмет уште во основното образование.
Понатаму Мизрахи нагласува и прашува: Кога за реформите ќе каже се донесени со финансиска подршка од вкупно алоцирани 20 милиони евра средства кои се дополнителни и донесени од непознат извор. Кој е тој извор, од каде се тие пари.

Произведуваме многу кардиохирурзи. Ние мораме да прекинеме да произведуваме кадри кои си заминуваат или седат на заводот за запослување. Реформите се страшни и опасни за вкупно 170.000 деца.

Реформата е страшна работа, и како измеривме ние до каде сме ние со реформите?

Александар Митовски заклучува дека вистината е дека вие зборите за суштинска реформа а не реформа на предмети.