дома Актуелно (Видео) Мизрахи: Законот за попис е небулозен, како ќе дефинираме кое е...

(Видео) Мизрахи: Законот за попис е небулозен, како ќе дефинираме кое е лицето кое најдобро не познава

Рахела Мизрахи во вечерашното гостување во „Прашањето ми е следно“ се осврна на недостатоците на законот за попис кој пред неколку дена и покрај бројните контаарргументи беше изгласан со минимум потребни гласови во собранието.

МИзрахи го коментираше законското решение за попишување на лица кои не се присутни во моментот на попишувањето. Законот вели дека во таков случај, информации ќе даде оној кој најдобро го познава лицето кое треба да биде попишано.

„Како некој ќе даде лични податоци за мене како јас се чувствувам, мојата верска припадност, мојата етничка припадност“, прашува Мизрахи.

Мизрахи додава дека не постои лице кое може да даде таков податок за биило кој.

„значи не пости такво лице кое што мене ми е блиско кое што може релеванстно да даде таков податок кој што не се документира“,додава таа.