дома Актуелно (Видео) Милошевски: Ако ceкоја држава ја попишува дијаспората, светот ќе има 14...

(Видео) Милошевски: Ако ceкоја држава ја попишува дијаспората, светот ќе има 14 наместо 7 милијарди жители

Новинарот и помошник уредник на Инфомакс, Милош Милошевски, во своето гостување во емисијата на Ицо Најдовски Перин на Радио 3zzz, македонско радио во Австралија зборуваше за пописот во Македонија кој власта се обиде да го протурка на сила и покрај контроверзната методологија која е спротивна на сите европски и светски стандарди. Милошевски истакна дека не го прифака пописот бидејќи истиот ќе биде извршен на штета на македонскиот народ.

„Јас овој момент на ниеден начин не го прифаќам пописот и не го поддржувам. Како што кажав и претходно, сѐ што се одржало во собранието во последните три години било на штета на македонскиот народ. Претходното искуство мене ми вели дека што и да се случи понатами, сега во септември, идната година, сѐ што ќе биде спроведено од Владата на Заев нема да биде во корист на мене како Македонец, на моите сограѓани Македонци, ниту на дијаспората“, нагласи Милошевски.

Тој во однос на методологијата за пописот изјави дека никаде во светот не се попишува дијаспората бидејќи така ќе се добие нереално голема бројка, со оглед на тоа дека ќе има паралелно попишување на жители во нивната матична земја, но и во земјата на нивното моментално престојувалиште.

„Ние ја имаме следнава ситуација, ниту една држава во светот не ги попишува своите жители надвор од границите. Зошто се прави тоа. Па ќе испадне дека светот има 14, а не седум милијарди луѓе. Европа ќе испадне милијарада и петсто илјади. На пример, Полска има три милиони жители кои живеат во Велика Британија. Замислете Полска да ги попише тие три милиони жители и Велика Британија во исто време да ги попише кај себе. Европа ќе испадне милијарда и петсто илјади, нема никаква логика методолијава. Дополнително, дијаспората се попишува онлајн, во исто време може и попишувачите коишто ќе одат од врата на врата, во присусто на двајца сведоци повторно да ја попишат дијаспората. Па колку пати ние ќе ја попишуваме дијаспората?“, прашува Милошевски.

Милошевски додаде дека дополнителен проблем е прекршувањето на правот на самоопределување, со тоа што при пописот во Македонија, ќе можат трети лица да даваат лични податоци за граѓаните кои не се присутни во моментот.

„Уште една работа која што е сериозна, а којашто е прекршување на човековите права, правото на самоопределување, за коешто говоревме и за време на промената на името, не може некој друг, во твое име да каже која е твојата етничка припадност, која е твојата религиозна припаднот. Не може и други детали да кажува за твојот живот, колку пари заработуваш и така натаму…Идентитетот на секој еден човек е внатрешна работа, чувство. Имаме ние фамилии и денеска во Македонија, еден се чувствува Србин, друг се чувствува Македонец, трет се чувствува Бугарин, Албанец.
Значи апсолутно станува збор за политички, односно партиски договор“, подвлече Милошевски.

Милошевски додаде дека пописот е во функција на кантонизација односно федерализација на Македонија, која, како промената на името и договорот со бугарија се дел од Тиранската платформа. Кантонизацијата ќе резултира со поголема независност која ќе донесе и финансиска независност. Ќе треба поголем дел од буџетот да се определува, односно да се распределува по број на жители. Тоа се барањата на албанските партии кои тие јавно ги презентираат и бараат. Сепак, фактичката ситуација е поинаква, селата во западна Македонија се речиси празни, со исклучок на некои постари жители.

„Албанските партии тераат политика на мускули. Се додека од нв зависи дали и кој ќе ја формира следната влада, тие се во поповолна позиција од македонските партии. И во таква ситуација кога нема договор помеѓу македонските партии, консезус по  национални прашања, тие секогаш ќе уценуваат, ќе притискаат и ќе се доведуваме во ситуација во сопствената држава да бидеме граѓани од втор ред. Какви и да бидат бројките од пописот, она што ни се случуваше до сега, се додека политичките партии не седнат на една маса и се договорат за националниот консензус, ќе ни се случува и понатаму“, констатираше Милошевски.

Тој додаде дека и покрај одложувањето, неизвесно е дали пописот воопшто ќе се одржи во септември, со оглед на здравствената криза во Македонија.

Гостувањето на новинарот Милошевски во емисијата на Радио 3zzz можете да го проследите ТУКА