(Видео) Милошевски: СДСМ на Конгресот беше приватизирана и претворена во Друштво со огрaничена одговорнот на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисијата Неделен брифинг со Сотир Костов, на Инфомакс, Милош Милошевски, коментирајќи го Конгресот на СДСМ кој се одржа во неделата, истакна дека и покрај тоа што наликуваше на Конгрес на зелени картончиња поради тоа што немаше никаква расправа, никаква дискусија, туку само потврдување на предлозите, сепак, последните случувања докажуваат дека се распаѓа единството внатре во партијата.

„Во сржта на она што Заев го ветуваше е дека во Мaкедонија ќе завладее демократија која ќе се преслика и во неговата партија. Ова што го видовме на Конгресот беше целосно приватизирање на СДСМ, во Друштво со ограничена одговорнот на Зоран Заев. Тој успеа во четири години власт да ја привартизира партијата и да ги истисне сите оние кадри од т.н. скопско, кумановски, охридско крило, сите свои истомисленици во рок од три четири години што е досега невидено во политчката сцена. Дури и единаесет годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаше структури коишто јавно излегуваа на телевизија и го критикуваа раководството. До сега ние тоа не го видовме во СДСМ, освен со Пауновски, кој беше експресно разрешен. Сега, се доведуваме во ситуација да валканиот долен веш на СДСМ излегува во јавноста преку прислушкувани разговори, тајно снимени разговори од делот од Конгресот кој беше затворен за јавноста. Од тоа што што го слушнавме, што се говорело зад затворени врати ни се потврди сомнежот кој циркулира подолго време, а тоа е дека СДСМ како парија не е ни малку единствена.

Милошевски потсети на делот од снимката на кој се слуша Радмила Шекеримска која апелира да не се биде слепо послушен, да се критикува, да се говори. Исто така, младо дете од Куманово, отворено излезе и кажа дека паријата се пресметува со секој неистомислек на партијата. Обраќањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беше во иста насока.

„Она што го гледавме во Македонија, четири години, пресметката со опозицијата, случајот 27 април, сите оние политики случаи, гледаме дека тоа се случува и внатре во СДСМ. Тоа се мене ми даде една слика на разногласие во владеачката партија. Но, ме загрижува фактот што тоа не го слушнаме на јавна сцена од ниту еден од овие функционери. Значи, загрижувачки е менталитетот, да во една партија, секој човек има свое мислење, но тоа мислење да го кажува само зад затворени врати. Тоа е еден тоталитарен систем“, заклучува Милошевски.

Емисијата можете да ја погледнете ТУКА:

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This