дома Македонија (Видео) МИЛОШОСКИ: Бomбите го докажуваат тврдењето на светски „Економист“ за хибpиден peжим...

(Видео) МИЛОШОСКИ: Бomбите го докажуваат тврдењето на светски „Економист“ за хибpиден peжим во Македонија

Јас сум свесен дека господинот Заев и неговата фамилија се прилично влијателни и во обвинителството и во политиката и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен. Но,после еден ваков објавен материјал ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит тоа е господинот Заев – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната прес-конференција на која беше пуштена „Бомба“ на која се слуша гласот на експремиерот Зоран Заев.

Заев зборува за неговото влијание врз носењето на одлуки од страна на Врховниот суд, како и неговото влијание врз работата на СЈО. Притоа тој нагласува „Без Заев не може“.

Милошоски понатаму додава:

Овој разговор се однесува на работата на СЈО, се однесува на тесната координација на премиерот со Врховниот суд при носење на одлуки поврзани со обвинителски предмети какви и да се би било недозволиво, и се однесува на тоа што господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина или негова одлука. Да скратам, господинот Заев преку оваа снимка се покажува дека не бил само премиер, туку бил и врховен судија и специјален обвинител. Тоа не е правна држава, туку тоа е хибриден режим каде што еден човек ја злоупотребува извршната власт за да биде и обвинител и судија.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=_AmnetALqwg&feature=emb_title