(Видео) Мило Ѓукановиќ пpиcтигнa нa Цeтињe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ пристигна на Цетиње. Тој денес, по протестите на противниците на устоличувањето на митрополитот на Српската православна црква на Цетиње, ги повика граѓаните од сите вери и нации и политички опции, заедно да придонесат во зачувувањето на мирот, стабилноста и мултиетничноста.

Не се знае дали Ѓукановиќ само ќе ги поздрави собраните црногорски комити, односно дали ќе се придружи на протестот или ќе продолжи до резиденцијата која ја има на располагање на Цетиње.

Припадниците на комитите го пропуштиле Ѓукановиќ да мине низ барикадите и тој е еден од ретките на кои им е овозможено без проблем да влезат во градот.

Објава на Фејсбук може да погледнете ТУКА.

Црногорскиот претседател претходно порача дека на 5 септември ќе дојде на протест во историската црногорска престолнина, ако СПЦ не се откаже од најавеното устоличување во Цетињскиот манастир.

Кажа и дека се надева дека ќе биде уважено неговото барање устоличувањето да се одржи во некој друг град и дека нема потреба тој ден да биде на Цетиње.

Неговите поддржувачи денес протестираат на Цетиње, а за време на протестите се забележани судири со полицијата и поставување барикади.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This