дома Свет (Видео) Мистериозни летала ги вознeмирија жителите на Орегон

(Видео) Мистериозни летала ги вознeмирија жителите на Орегон

Голем број жители на американскиот пацифички северозапад, особено од сојузната држава Орегон, објавија дека во четвртокот вечерта виделе мистериозни светли летачки небесни објекти како се „лизгаат“ на небото.

Некои очевидци се убедени дека забележале метеор или авион што се урна.

Сепак, експертите велат дека светлината најверојатно доаѓа од остатоците на ракетата „Space X Falcon 9“ , која изгоре во атмосферата на Земјата.

Сомнежот дека станува збор за фрагменти од ракетата беше предизвикан од видеото објавено на Твитер од полицискиот оддел Салем во Орегон. Одделот објави дека добил „многу повици“ во врска со инцидентот.