(Видео) Митева: Власта мора да даде одговори и да понесе одговорност за автобуската несреќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кој не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?

Ова денеска го изјави Марија Митева, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција за медиумите.

Таа праша дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните?

Повторно бараме одговор на прашањето дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите? Дополнително, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите? Конкретниот автобус 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт, запраша Митева.

Митева посочи дека е срамно е што во јавноста луѓето кои се поставени од СДСМ и владата сметаат дека не е виновна корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку луѓето кој не ја забележале корупцијата.

Обидувањето да се прикријат сопствените пропусти и неспособноста со насочување на вината кон луѓето е уште начин на кој функционира коалицијата СДСМ-ДУИ. Повеќе од неопходно е јавноста да ги добие одговорите и конечно власта да понесе одговорност, додаде портпаролката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This