April 24, 2024, 11:54 pm

(Видео) Митева: Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, затоа потребни се предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Зоран Заев за заминување од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

„Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата”, рече Митева.

Според неа единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

„Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија”, кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката Митева, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

„Затоа избрите се решение”, рече Митева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This