дома Актуелно (Видео) Митовски: Бугарија нe e пpичинaтa штo Македонија нe дoбивa дaтyм зa...

(Видео) Митовски: Бугарија нe e пpичинaтa штo Македонија нe дoбивa дaтyм зa пpeгoвopи

Во вечерашното гостување на телевизија Алфа, уредникот на Инфомакс Александар Митовски потенцираше дека Бугарија не е проблемот за почеток на преговорите за Европската Унија, туку дека проблемот е корупцијата, криминалот, економската и социјалната нестабилност…

Митовски исто така надополни дека постои статистика каде што се наведува дека македонскиот судски систем се злоупотребува, односно дека имаме корумпиран судски систем.

– Апсолутно се користи причината за нашето недобивање датум за преговори и онаа меѓувладина седница. Не е Бугарија проблемот, туку јасно стои во извештајот на Европска Унија – а тоа е корупција, криминал, економска нестабилност, социјална нестабилност, пад во слобода на говор, пад во слобода на медиумите… тоа е причината поради која што ние не добиваме датум за преговори. – потенцираше Митовски.

– И да не заборавам, има уште една статистика, а тоа е оваа злоупотреба на судскиот систем или корумпиран судски систем. Тие се причините поради кои што не влегуваме во Европска Унија или не добиваме датум за преговори, проблемот не е Бугарија. – надополни Митовски.