дома Македонија (Видео) МИТОВСКИ: Немам од што да се плашам кога вистината е на...

(Видео) МИТОВСКИ: Немам од што да се плашам кога вистината е на моја страна

Немам од што да се плашам истакна главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски во гостувањето во телевизија Алфа како одговор на заканите за тужби на целиот државен врв  по објавувањето на записникот од исказот на сведокот во случајот Рекет, Орце Камчев. 

-Немам што да се плашам кога вистината е на моја страна. Јас не сум кажал нешто што не е така. Не сум напишал нешто што го нема веќе напишано во официјален документ. Кој што патем кажано, еве овој за Рекет е најактуелен тој е официјален на кој што јас сум се повикал сум ги кажал оние сознанија кој што сум ги прочитал. И тој документ  не е никаква тајна тој не е ни строго доверлив, ни службена тајна, ни државна тајна, ниту воена тајна. И сега доаѓаме до ситуацијата ајде на сила, вели тој.