(Видео) Митовски: Последниот пат кога вака беше нaпaднат новинар, целиот свет се крена на нозе, верувајте, и сега ќе се крене

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По тензиите во Охрид, екипата на Инфомакс добива засилување од новинарите кои го следеа изборниот процес во Охрид.

Како што претходно објавивме, новинарите кои го следат прекршувањето на изборниот процес и изборниот молк во Кочани беа вербално нападнати од лица кои правеа списоци и собираа лични карти во партиски штаб во Кочани, а возилото им беше блокирано од автомобили и не им беше дозволено да го напуштат местото.

Откако успеаја да заминат, новинарите се упатија кон полициската станица да го пријават инцидентот, каде што во исто време беа повикани и напаѓачите, кои родолжија со заканите кон новинарите.

„Партијата која ги нападна нашите новинари во среде Кочани е СДСМ, каде што се обидоа да ги киднапираат, ги нападнаа, им го искршија автомобилот. Во моментов е поднесена пријава против напаѓачите во Кочани, наводно биле во моментов во полисиската станица. Повикани се и сторителите на кривичното дело, за кои што верувам дека наскотро ќе бидат пуштени. Според сите мои информации, најверојатно ќе ги ослободат да продолжат со нивните нелегални предизборни активности. Инаку новинарот Милош Милошевски и снимателот Филип Стојановски ги снимија како собираат лични карти во штаб на СДСМ, еве Џабир Дерала нека запише дека јас сум го прекршил изборниот молк. СДСМ води илегална кампања“, изјави Алекндар Митовски, кој во моментов со уште 15тина лица се упати кон Кочани.

„Да видиме кој се тие многу силни припадници и членови на СДСМ кои што се закануваат на новинари, удираат понивниот автомобил, го кршат, и се закануваат дека ќе ги убијат.“, рече Митовски, додавајќи метафорично, да видиме кој кого ќе убие.

Митовски посочи дека ниту едно прогресивно, демократско општество, какво што властва промовира дека имаме, не смее да си дозволи ваков однос како насилство и закани кон новинари кои известуваат од терен.

„Политички, од овој момент, другари, од Кочани и другари од СДСМ од Кочани, вие сте политички мpтваци.Никој во светот не напаѓа овинарска екипа којашто известува од терен за тоа како се одвива изборниот прицес. Никој, ниту во Уганда, ниту во Сенегал, Чад, Сирија, Авганистан, Либан, Либија, ….никој, никаде не напаѓа новинарска екипа. Последниот пат кога беше нападнат новинар, како колегата, целиот свет се крена на нозе. Верувајте дека и сега ќе се крене целиот свет на нозе, откако вие го направивте ова што го направивте. Вие не смеете да киднапирате новинарска екипа којашто си ја работи својата работа и си го заработува лебот на чесен начин. Вие не смеете да заплаувате народ, вие не смеете да поткупивате народ. Вие не смеете да земате лични карти од граѓани и да ги терате да гладаат за вас, сакале или нејќеле. Вие не смеете да се заканувате со работни места и со бркање од работни места и со бркање ако некој не гласа аз вас. Вие, ако изгубите, тоа значи дека сте неспособни да ја водите власта во општината и во државата. Вие сте неспособни. А ако се плашите дека ќе исгубите, тоа значи дека треа да се поправите, а не да дека треба да заплашувате новинари, да киднапирате новинари, и новинарите да се обидете да ги тепате. Не!. Во демократско и прогресиво општество, за какво што сакате да се претставите дека вие промовирате, таква ситуација не се случува. Во прогресивно општество новинарите се напиедесталот, затоа што известуваат, за вистината која што вие ја работите. Ако вие навистина ја работите. И ако работите во интерес на граѓание, тогаш новинарите ќе известат дека работите во корист на граѓаните. вие не работите во корист на граѓаните. Вие работите контра користа на граѓаните. Вие работите на сила. Немојте да мислите дека екипата на Инфомакс, или Инфомакс во целост, ќе биде заплашена од вашите хулигани во Кочани, во Охрид, во Гевгелија, во Демир Капија, во Битола на Баирот, немој да мислите дека ќе бидеме заплашени“, апелираше Митовски.

Митовски посочи дека тој лично ќе биде секаде, каде што екипите на Инфомакс ќе бидат заплашувани и малтретирани.
„Ако сакате да се пресметаме демократски, дозволете во недела, демократскиот процес на избори да се одвива, слободно, фер и демократски, немојте да ги набедувате и уценувате граѓаните. Нека гласа кој како што мисли, кој мисли дека има подобра програма, тоа е демократија, не е демократија ова што го правите. Се гледаме во Кочани и се гледаме секаде низ целата држава“, нагласи Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This