дома Македонија (Видео) МИХАИЛОВ: На Китка се врши невидено голема сеча на дрва?

(Видео) МИХАИЛОВ: На Китка се врши невидено голема сеча на дрва?

Тортевски вели дека СДС биле мрзеливи. Слушајќи го, мене нешто друго ме загрижува во неговата изјава? Тортевски вели дека на Китка на Караџица се вршела невидено голема сеча, дури и на младите фиданки и сето тоа дрво се превезувало секојдневно со камиони без регистарски таблици.

И не само тоа, таква била сликата во цела Република Македонија.

После ова, се постапува прашањето ако навистина има таква криминална сеча (млади фиданки регуларно не се сечат) и тие дрва се превезуваат со камиони кои немаат регистарски табли, а по закон истите треба да се регистрирани затоа што фирмите врз основа на исправноста на тие возила добиваат лиценци, а со тоа и ги добиваат тендерите.

И сето тоа се случувало во целата држава.

Дали оваа изјава или укажување не треба да ги алармира институциите како шумска полиција, шумарскиот инспекторат, МВР и другите да ги проверат наводите.

И на крајот од денот, дали ЈО по допрен глас не треба да се заинтересира за проблемов за кој Тортевски вели дека се случува секојдневно.

Дали е ова не е некаков показател дека низ цела држава се случува некаков голем добро организиран криминал на дива сеча.

Дали ова е вистинската слика за институцијата “Македонски Шуми”, институција која мака мачи да обезбеди плата на своите вработени, пишува Кире Михаилов на Фејсбук.