дома Актуелно (Видео) Мицевски: Власта денес дeмонстрираше сила, начинот на којшто владеат четири години,...

(Видео) Мицевски: Власта денес дeмонстрираше сила, начинот на којшто владеат четири години, го демонстрираа токму денес во собранието

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на настаните кои денеска се одвиваа во закондавниот дом, истакна дека власта, додека им тропа на врата на граѓаните да провери дали ги почитуваат решенијата за изолација и ги казнува граѓаните, покажува дека за нив не важат истите закони и болни и позитивни можат да се шетаат и да го загрозиваат здравјето на граѓаните.

„Денеска во собранието се случи класично кршење на Уставот, законите и демократијата во Република МАкедонија. Значи денеска во собранието се случи класична демонстрација на сила од владејачкото мнозинство. И класично оддвојување на граѓаните во Република Македонија од власта во државата. Имено, двајца пратеници, позитивни, заразени, со решенија за изолација, надвор од сите законски процедури, надвор од уставот, надвор од кривичниот законик, дојдоа на пленарна седница на работа, во ситуација кога имаа доволен број на пратеници за одржување на таа фамозна 32 седница. Не знам зошто толку инсистираа на таа седница затоа што имаат уште 20 незавршени такви седници како 32 седница. Граѓаните ја очекуваа 36 седница на којашто ние најавивме дека ќе учествуваме и дека доколку позитивните пратеници бидат дома, ќе бидеме доволни за кворум. 4пратеници беа тука. Една недела ги молеме да ја закажат оваа седница. Два месеци каснат со мерките коишто ги ветија на граѓаните. За жал, сведоци беа и граѓаните во Република Македонија дека едни закони важат за граѓаните и стопанството, други закони важат за владеачката каста во Република Македонија. Од една страна ги казнуваме граѓаните и оди полиција дома да ги контролира кога се во изолација, од друга страна носат пратеници во собрание на работа, само за да ги изгласаат своите закони и да демонстрираат сила. Начинот на којшто владеат четири години, го демонстрираа токму денес во собранието“

Тој додаде дека на 36тата седница имало над 100 пратеници. 60+ двајцата позитивнии од владеачката страна и 44 пратеници од МРО-ДПМНЕ, дополнително и Левица и пратениците на Алијанса за Албанците. Беа присутни над 115 пратеници и јас не ја гледам потребата зошто треба да демонстрираат сила и зошто треба да демонстрираат различност од сите граѓани од државата. Ние сме пратеници, но пред се сме граѓани како и сите други од оваа држава.

Мицевски се согласи со изјавите на Гордана Давкова Силјановска, и Христијан Мицкоски дека тоа што се случи денес беше тероризам и апелираше до претседателот Пендаровски да смогне сила и да застане позади уставот и законите и да не дозволи да се случува ова во собрнието.

Мицевски најави дека ќе следат кривични пријави за сите оние кои што што го прекршија денес законот и го загрозија здравјето на граѓаните.

Изјавата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ можете да ја проследите ТУКА