дома Социјални Мрежи (Видео) Мицкоски: Ахмети и Груби знаат дека никогаш нема да имаат yцeнет...

(Видео) Мицкоски: Ахмети и Груби знаат дека никогаш нема да имаат yцeнет политичар како Заев

Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот Зоран Заев пред заминување е подготвен да потпише нов договор со Бугарија.

-Ахмети и Груби знаат дека никогаш нема да имаат уценет политичар како Заев, кој за да ја спаси својата политичка кариера, ќе потпише било каков договор. Поради тоа, му велат во партијата да прави што сака, но да го испорача ветеното. На тој начин, се надеваат дека ќе го зголемат своето мнозинство во албанскиот блок, со што на следните избори, ќе бидат во подобра позиција за коалицирање. Тоа е нивната политичка стратегија, изјави Мицкоски.