дома Македонија (Видео) Мицкоски вo пoceтa нa нacтpaдaнитe фaмилии вo Teтoвo

(Видео) Мицкоски вo пoceтa нa нacтpaдaнитe фaмилии вo Teтoвo

Денеска лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски беше во посета на тетовско каде разговараше со фамилиите кои настрадаа од немилиот настан. Кога се запали модуларната болница, а настрадаа 15 лица, а за тоа Мицкоски побара не само морална, туку и кривична одговорност.

Тој во посета на Тетово беше со пратеникот Александар Велјановски и разговараше со локалните жители.

– Бевме во семејството на едни од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат хоророт кој се случи на тој ден. Разговарав со двајца синови чија мајка е жртва на овие настани. Дел од тоа што го преживеаа го пренесоа и навистина тоа што се случува е трагично, траорно и болно, рече Мицкоски.

Тој побара и кривична, а не само морална одговорност.

Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ може да го ветиме и да се обврски, и јас како човек, е дека оваа работа порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај, а виновниците мора да сносат одговорност без разлика дали е функционална или морална. Во Македонија се случуваат пречесто пожари, кои сега чинат и човечки животи, поентираше лидерот на опозицијата.

Тој апелираше за совест и ги повика најодговорните да понесат оставки и одговорност за да не се повтори ваквата несреќа.

Видеото може да го погледнете ТУКА.