дома Социјални Мрежи (Видео) Мицкоски го повика Пендаровки и Димитров под итно да обелоденат што...

(Видео) Мицкоски го повика Пендаровки и Димитров под итно да обелоденат што договориле или прифатиле во Берлин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил посочи дека Заев се договорил со соседите со единствена цел, да се одржи на власт. Тој побара од Димитров и Пендаровски да обелоденат каков компромис се постигнал во Берлин, што тие прифатиле и какви последици ќе треба да трпи македоснкиот народ поради нивните тајни одлуки.

„Зоран Заев и оваа мaфијашка влада превземаа обврски спрема нашите соседи само за да дојдат до власт, не водејќи грижа за македонските интереси. Го повикувам Претседателот Пендаровски и двоецот Димитров и Османи под итно да обелоденат што договориле или прифатиле во Берлин и какви последици тоа ќе има за македонската иднина“, напиша тој.

Видеото можете да го погледнете ТУКА