(Видео) Мицкоски: Градоначалниците на СДСМ се претворија во копија на Заев, на мали зоранчиња, беспоговорно го слушаа и го следеа во неспособноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас нема да го почнам мојот говор со тоа дека сум продавал бостан на пазарот овдека во Струга, но ќе ви кажам дека често сум доаѓал на плажите овдека во Струга, нема да ви кажам дека првата моја љубов сум ја стекнал овдека во Струга, тоа ќе дојдам еден друг политичар и ќе ви кажува како се заљубил прв пат во Струга како во Горни Милановац, изјави лидерот на ВМРРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање на денешниот предизборен митинг во Струга.

Во продолжение целиот говор на Христијан Мицкоски

Јас сакам да зборувам со зборовите на народот и да ја констатираме заедно оваа тешка, мачна реалност која сите ние ја живееме беза разлика дали сме Македонци, дали сме Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, Египќани, православни христијани, муслимани, католици, евреи…Живееме во едно тешко, мачно, политичко секојдневие, исполнето со хаос, исполнето со апатија, исполнето со луѓе кои се демотивирани, луѓе кои ја напуштаат Македонија, цели смемејства заминуваат се збогуваат со своите најблиски. Иднината ја градат некаде таму далеку, а како велат каменот тежи онаму каде што и припаѓа, а тоа е дома овдека во Струга во Македонија.

Тоа е нашата тешка мачна политичка реалност и тоа е нашето секојдневие. Зошто ова го зборувам. Зошто ќе дојдат овде пред вас стружани и ќе ви го преентираат според нив најдоброто, а во суштина станува збор за најлошто.

Јас ќе зборувам за она што е што го мачи денешниот граѓани во нашата Македонија. Кои се реалните потреби кои се реалните проблеми, а потоа ќе зборуваме и малку за иднината, ќе зборуваме за тоа што ние подразбираме пред нас самите како патриотизам која е нашата траекторија, која е нашата патека која ние треба да ја изодиме и чекориме сите заедно.

Ќе започнам со неработењето и онаа би рекол заразна мрза која што ги зафатила овие владини функционери без разлика дали станува збор за директори или министри, без разлика дали станува збор за градоначалници или локални функционери. Имаме една хронична аптаија и едно хронично неработење кое ја уназадува не само Струга, туку и Македонија од ден на ден. Додека тоа се случува, додека оваа заразна апатија владее низ Македонија гледаме дека секој од нив се повеќе и повеќе се корумпира, а Македонија е во моментот според сите светски ранг листи најкорумпираната држава во Европа. Тоа е нашето секојднебвие, не е нашето секојдневие најдоброто во Македонија, нашето секојдневие е најлошто во Македонија затоа што сме најкорумпираните и како држава и како политичари во Македонија. Тоа е реалноста која ја живееме сите ние во најкорумпираната држава, со најкорумпираните политичари, 111 место во светот, а во Европа сме број 1.

Ајде да зборуваме малку за здравството, да зборуваме и за здравјето на граѓаните да зборуваме и за ковид пандемијата. Први сме по бројот на луѓе кои го загубија својот живот поради ковид. Лежеев две недели на Клиниката за инфективни болести во Скопје и двајца до мене до загубија својот живот, едниот буквално до мене, другиот позади мене. И никому не би му го препорачал да го помине истиот паат што го поминавме ние на Инфективната клиника. Затоа сме како држава број 1 по бројот на луѓе кои го загубија својот живот затоа што заболеа од ковид. Но, затоа сме на дното по стапката на имунизација, онаа вакцинација која полна им е устата со тој збор, ама не затоа што се гриѓат за здравјето на граѓаните, туку затоа што трчаат по провизии. И се сеќавате на онаа фирма во Хонг Конг регистрирана за трговија со јужно овошје каде се исплаѓаа милиони народни пари за провизии за вакцини. Но, благодарение на опозицијата, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ парите се вратија назад кон граѓаните.

Ајде да зборуваме за образованието, нешто што најмногу ме боли затоа што јас сум педагог на високо образовна институција. Осум од 10 мои стууденти по дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија, за каква иднина ние зборуваме и за какви генерации зборуваме кои ќе не наследат. Тоа ли е најдоброто што го можеме или е најлошто што некогаш сме го виделе овие 30 години. Таа е реалноста која ние ја живееме. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе викаа во модуларната болница во Тетово, до ден денес нема одговорност, нема еден кој ќе одговара за оваа работа, но јас ви ветувам дека веднаш по големата победа на опозицијата на овие локални избори и новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ одговорност ќе има. оДговорност мора да има од првиот до последниот јас ви го ветувам тоа. Стојам овде и ве гледам во очи.

Ветуваа инвестиции, ветуваа силно платени работни места, ветуваа од 5 до 7 раст на економијата тоа велеа дека било најдобро, а што добивме. Добивме неколку стотици плантажи за садење на марихуана и најголемиот дел од тие плантажи се сопственост на семејството на власт, семејството Заеви. Тоа се инвестициите во македонија тоа е подобрувањето и тоа е најдоброто кое тие го знаат. Таква реалност ние не сакаме, таква реалност ние одбиваме да живееме. И затоа застанавме се обидинивме и тргнавме во овој победнички марш на овие локални избори кои ќе навестат нова плотичка реаност, нова влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите коалициони партии кои денес се во опозиција.

Се сеќававте кога не понижуваа кога го рушеа нашето достоинство нашата чест кога се држеа за срце, се колнеа во жицата па не знам во што ли таму не за да на крај сите не излажат, потпишуваа разни памфлети ветуваа европски иднини а денеска сме најлоши на Балканот.

Иднина во која власта се срами од успесите на народот, а народот не препознава успеси на власта. Градоначалниците на СДСМ се претворија во копија на Зоран Заев, на мали зоранчиња, беспоговорно го слушаа и го следеа во сите негови погубни чекори за државата.

И овој тука во Струга иако не е од СДСМ, а за него пак самиот Зоран Заев велеше дека е криминалец и дека е корумпиран, не наликува на ништо друго освен на еден мал Зоран. Е за тоа ние ќе го поразиме на 17-ти октомври. Овој човек што е овде пред мене, Идри ќе го порази овој човек овде кој е малиот Зоран во Струга.

И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар. Триесет години најлошото што се појавило на македонската политичка сцена е собрано кај Зоран Заев. И за тоа бидејќи е комплетно неспособен да го подобри животот на граѓаните во Македонија прави некои глупави споредби, некои глупави вицови, шали на кои што тој самиот си се смее. Па потоа почнува да ме навредува и да ме нарекува Мицко, Мицко бил ваков, Мицко бил таков. Не знам дали имавте можност да го слушате. Мене не бе боли тоа, мене не може да ме навреди ситен мал човек како Зоран Заев. Впрочем и никој не го сфаќа тоа веќе сериозно, за тоа што неколку години го слушаме истото, навреди, лаги, конструкции, измислици. Четири години буквално го слушаме истиот речник од Зоран Заев, така беше и вчера, па јас сум бил Мицко, па сум бил ваков, па сум бил таков итн.

Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години.

Затоа драги пријатели, почитувани стружани, ве молам слушнете ме добро, ова го пишував вчера после митингот во Охрид, нам ни треба нова иднина и тука можам да ја повторам онаа позната реплика, јас не знам што ќе донесе таа иднина, навистина не можам да претскажам што ќе донесе таа нова иднина, но знам кој ќе ја донесе таа нова иднина. А, ќе ја донесе новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. И таа иднина ќе биде многу подобра од оваа денешна политичка промашена приказна. За тоа сакам да порачам дека сме тука сите ние заедно обединети еден до друг, и тоа не е апстрактен поим, ниту пак бајка во која што ви велам само да верувате. Ова се избори, ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре. Често пати кога давам интервјуа, и кога разговарам со луѓе ми го поставуваат прашањето што ќе било за тебе победа, еве ќе ви дадам одговор јавно, гласно од овдека од Струга, победа е да направиме спротивно од овие 30 години. Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи. Победа е кога ќе погрешиме, кога ќе констатираме дека сме погрешиле ќе се извиниме и ќе се корегираме, а грешката ќе ја исправиме. Победа е кога ќе се почитуваме и дури и тогаш кога сме различни, победа е кога создаваме вредности, да создаваме принципи.

Победа е да има одговорност кога треба, а кога можеме да кажеме да направивме се што можевме. Победа е да не се откажуваме, победа е да создаваме, победа е да работиме. Победа е да одиме напред, победа е да имаме цели, а целта е да влеземе во ЕУ. Јас сум поминал дел од своето образование во ЕУ, во Италија и во Германија. Сум бил професор во Австрија на Техничкиот универзитет во Виена и знам дека секој еден млад човек кој после дипломирањето ќе ја напушти нашата Македонија, тука е потценет, а таму е еден од тие брилијантни умови кои се водечки во својата професија и на своето работно место. Затоа на нашите деца им е потребно квалитетно образование дома, но и да имаат можност без граници и без било какви пречки да патуваат на универзитетите во Париз, Брисел, Рим, Лондон. Да патуваат и разменуваат знаење со своите колеги и врсници

Победа е Европа да ја ставиме на дланка. Победа е кога нашите спортски репрезентации нижат успеси. Победа е кога овозможуваме сигурност и извесност.

30 години живееме низ порази и неуспеси, време е да почнеме победуваме.

Мојата генерација немаше младост, а тие по нас немаа детство. Паметам кога главна тема беше повлекувањето на ЈНА и создавањето на државата. Потоа неизвесноста при првите чекори како држава. Потоа дојде кризата со бензините, се чекаше редица за да се купи леб, млеко. Транзицијата која остави траен белег, родителите ми работеа во Металскиот завод Тито, татко ми во еден од погоните, мајка ми во фабричката амбуланта. Илјадници како мене поради таа транзиција, поради таа криминална пљачка која тогаш се случуваше останаа со мислата како да обезбедат егзистенција за своите деца и семејства. Потоа дојде косовската криза, па оној непотребен конфликт во 2001 година, а повторно неизвесност тапкање во место, лажни ветувања за ЕУ што траат денес. Ајде сите заедно да извлечеме поуки, од ова и да не го повториме. Да градиме пактови и сојузи за иднината, да работиме за иднината, а сето ова кое беше погрешно во минатото да извлечеме поука и сите заедно да се коригираме.

Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки патриотизам.

Заедничкиот патриотизам е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина. Да се разбираме едни со други.

Да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите во џеб, и дека за доверба да ја добијат од граѓаните треба работа.

Заеднички патриотизам е заеднички да успеваме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои се иселија од земјaва.

Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите.

Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, да има повеќе можности за развој. Да носиме добри вести низ регионот, да се радуваме на нови инвестиции и нови добро платени работни места.

Затоа е новата иднина е она што ни е потребно, потребни се промени, проекти и победи.

А ова што го зборувам го има и во програмите што ги нудиме. Повеќе од 14 835 проекти од различни области, за различни реални потреби на нашите сограѓани.

Повеќе од 2000 ширум Македонија, Повеќе од 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови, 90 спортски сали за младите. Гасификација за поздрава животна средина и што ли уште не. Ова е тоа кое ние го нудиме.

Сакам на крај да се обратам и до нашите соседи Албанци, бидејќи Струга е мултиетничка и мултиконфесионална средина. Сакам да ги потсетам дека денеска имаме пакт од интерес, тендерски пакт помеѓу СДСМ и ДУИ кои што ја заробија државата, ја заробија Струга, ја ограничија да се развива. Ги ограничија можностите. Зоран Заев до вчера велеше дека никако нема да седне на иста маса со криминалецот Ахмети, но затоа пак тендерите и криминалот ги споија, заеднички да седнат на иста маса и да продолжат со пустошењето на граѓаните.

Нашата мака е заедничка мака. Подеднакво болат солзите и на мајката Македонка и на Албанка и на Турчинка и на Ромка и на Влаинка и на Србинка кога се разделуваат од своето чедо кое што не добило шанса овдека и кое што одлучило да го спакува куферот и да отиде што подалеку и се мислат се думаат дали некогаш повторно ќе се сретнат. Заедничка е маката кога не крадат, кога не понижуваат, кога не засрамува нивната декаденција и простотилук. Оваа несподобност која што гуши и која што не обзема, таа нема вера, таа нема нација. Затоа, ве повикувам сите заедно да се обединиме и да застанеме сите заедно околу човекот кој ќе обединува овде во Струга, а тоа е идниот градоначалник Идри Истрефи. Да го поздравиме и да му посакаме успешен мандат на Идри. Да им докажеме дека не не поседуваат. Да им докажеме дека кога е најтешко сме се обединил, сме ги поразиле, а потоа да ја градиме нашата Струга и нашата Македонија од почеток. Да сте ми живи и здрави. Да е вечна и вековита Струга. Да е вечна и вековита Македонија. Да создадеме заеднички нова иднина. Иднина со промени проекти и победи.

Ви благодарам од срце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This