дома Македонија (Видео) Мицкоски до Koвачев: Македонскиот народ постои денес и ќе постои во...

(Видео) Мицкоски до Koвачев: Македонскиот народ постои денес и ќе постои во иднина, сакале или не

Македонскиот народ постои денеска и ќе постои во иднина, колку тоа да не сака да го признае македономразецот Ковачев кој за жал е дел од европарламентот, и треба да промовира европски вредности, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изјавата на европратеникот Андреј Ковачев кој го нарече бугарофоб.

Мицкоски посочува дека Ковачев треба да бара одговор на прашањата и да се извини за политиката која ја гради кон Македонија, тој треба да дозволи да ги отпочне преговорите Македонија со ЕУ, бидејќи, како што вели, овој народ секогаш бил на страна на вистинските европски вредности.