April 18, 2024, 11:03 am

(Видео) Мицкоски: Заеднички патриотизам е кога бopбата пpoтив kpиминалот ќе биде нeпpикосновена и кога Битола нема да биде град на kланови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола истакна дека заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот во Македонија ќе биде бескомпромисна и кога повеќе со Битола и градовите низ државата нема да бидат градови на кланови.

Мицкоски посочи дека заеднички патриотизам кога ќе се стави крај на клановите, а градовите ќе бидат на народот, кога сите граѓани ќе бидат обединети за заедничка иднина каде тендерите нема да завршуваат во приватни џебови, а граѓаните ќе имаат европски стандард.

– Заеднички патриотизам е да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот во својот џеб. Да изградиме нова клиничка болница која нема да вреди половина милијарда евра затоа што овие од здравство бркаат дебели провизии. Кога ќе имаме задоволни земјоделци чија пот и мака ќе бидат исплатени до последниот денар, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека заеднички патриотизам е да се бориме за квалитетно образование, а не образование со електронски учебници само затоа што треба да има тендери што ќе завршат во приватни џебови.

– Заеднички патриотизам како да создадеме е напредна Битола и напредна Македонија, кои ќе имаат стандард како Виена и Австрија. Да градиме мостови на соработка со соседите, а не кукавичлукот на премиерот кој ни го продава тоа како храброст. Да се бориме за патишта и паркови и во Тетово, и во Куманово, во Битола, во Скопје, секаде низ Македонија. Да создаваме дела кои ќе создаваат нова иднина, нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека затоа е новата иднина и затоа се потребни промени, проекти и победи и дека тоа што го зборува го има во програмата на секој иден градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија

– Повеќе од 14 835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на граѓаните. Најмалку 2000 улици низ Македонија, 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација и уште многу работи, истакна Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This