дома Македонија (Видео) Мицкоски: Македонија заслужува да ја водат посветени политичари

(Видео) Мицкоски: Македонија заслужува да ја водат посветени политичари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре е во посета на Загреб каде во рамки на самитот на Европската Народна Партија во Загреб ќе оствари повеќе билатерални средби.

Денеска Христијан Мицкоски оствари средби меѓу другите и со претседателот на Европскиот Совет и иден претседател на Европската Народна Партија Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија за Работни места Јирки Катајнен, Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

-Динамичен ден во Загреб, многу средби со наши драги пријатели од цела Европа.
Македонија заслужува да ја водат посветени политичари, само така може да има напредок. #EU2020HR #EPPZagreb, стои во неговиот пост на Фејсбук.