дома Актуелно (Видео) Мицкоски повика на пpoтест: Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не...

(Видео) Мицкоски повика на пpoтест: Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на голем пpoтест пред министерството за надворешни работи, против продажбата на македонската историја и откажувањето од најголемиот јунак во нашата историја, Гоце Делчев, јунакот кој не обединуваше.

Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.

15 септември 2020, 18:30 часот.

Пред министерство за правда до министерството за надворешни работи, пpoтест на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.