дома Актуелно (Видео) Мицкоски: Пред 4 години ветуваа нови паркови, три базени и пензионерски...

(Видео) Мицкоски: Пред 4 години ветуваа нови паркови, три базени и пензионерски домови, ништо од тоа не направија во Карпош, затоа сега не треба да им се верува

„Ја добив програмата на нивниот кандидат еден мал Зоран, Душко се вика, за градоначалник овде на Карпош, ама и програмата е малецка, само три листа толку е програмата. Но, пак ја добив и програмата и на Петре, исто за град Скопје таа е исто така помала, уште еден помал Зоран таа е некаде седум страни толку од прилика е. Воведната е нормално обраќање на водачот на хибридниот режим, Зоран Заев, па потоа неговиот слуга, Петре Шилегов, три страни таксативно наведени неколку зборови, неколку реченици и на крај советничката листа. Тоа е програмата со која што излегуваат на овие избори. И пред карпошани и пред скопјани”, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Карпош.

Мицкоски додаде дека тој да бил на нивно место би се сокрил од срам и не би излегол во очи да ги погледне граѓаните.

„Заев е трговец и сака вие да заборавите дека тој е на власт. И ништо буквално нема направено за вас. Ништо од тоа што вети не исполни. Затоа тој така вреска на митинзи и прави гафови, затоа се бори со замислени противници, си создава теми во кои и тој самите не верува. Се пари, се топори, мисли дека некој ќе му верува дека некој ќе се исплаши”, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ветија рекреативен центар за пензионери и пензионерски домови, знаете после 4 години како заврши случајот за тие домови, на суд. Затоа што тоа беше една обична измама и криминал. Ветија ревидирање на детални урбанистички планови, а после четири години планови како печурки никнуваат нови згради во Карпош. Ветија еко паркинзи и тие ги нема. Се што ветија не изградија.