(Видео) Мицкоски: Секаде каде одев низ Македонија понудата на СДСМ им е мали зоранчиња, само во Битола Вице за градоначалник, силно ќе биде поpaзен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Битола секогаш била авангарда, град полн со еснафи, интелектуалци, вредни луѓе, место со душа, град со карактер, но за жал се повеќе празен град. Секогаш кога доаѓам во Битола, има се помалку луѓе по улиците, се помалку џагор, и се повеќе луѓе ја бараат својата среќа надвор од Македонија. За сето ова се виновни тие кои сега се претставуваат дека се најдобри. Но, има и нешто да бидам искрен што зависи од нас, од нас зависи каква иднина ќе имаме. Секаде каде што отидов досега видов градоначалници кои што се мали зоранчиња. Само тука во Битола велат Вице за градоначалник. Си се имаат поделено, еден град за него, еден за бате. Е, овој Битола му паднал на батето за тоа што РЕК Битола му бил интересот. И решиле од Битола да прават стентон град. Рецептот им е Струмица, таму фамилијата главни, а овде стентоновци сакаат да бидат главни подизведувачи на овие првите од фамилијата Заеви. Е, нема тоа да биде”, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Битола.

Мицкоски додаде дека на 17-ти октомври Битола ќе го добие вистинскиот сјај кој што го заслужува, град на конзулите, бисерот на Македонија. Градоначалник на Битола ќе биде Тони Коњановски.

„И кога сме кај овој Зоран Заев, иако е тешко време ќе ми дозволите да кажам една шега која што се раскажува деновиве низ Македонија. Сега пред некој ден кога беше овде во Битола со новото БМВ одлучил Заев да се паркира пред Епинал, но пред него таму на тоа место паркирал некој граѓанин. Доаѓа полицаецот и му вели на граѓанинот веднаш препаркирај го возилото доаѓа Зоран Заев, премиерот. А, вика јас за ваквите како него имам лек, си ставив и аларм, а богами и камера за да не ми го снема возилото”, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека и малите деца знаат дека волкот влакното го менува, а карактерот не. Дали биле Заевци, дали биле стентоновци, тоа е едно те исто.

„И заедно на 17-ти октомври мора ова да биде поразено. А, ќе биде поразено кога ќе им докажете дека вашиот глас вреди, вашиот глас не е коцка. Не е нешто со кое човек вака неодговорно може да се однесува. Вашиот глас не е глас на некој нивен заробеник кој тие мислат дека го командуваат. Вашиот глас е глас на човек, глас на совесна, одговорна личност што си ја сака Македонија”, порача Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This