дома Европа (Видео) МИ6 се обидува да го cpyши Путин преку Навални

(Видео) МИ6 се обидува да го cpyши Путин преку Навални

Видеото кое го објави РТ е снимено некаде во 2012 година се приложува како доказ дека блискиот соработник на Навални, Владимир Ашурков, од шпион вработен во британската амбасада во Москва бара разузнавачка помош и „нешто“ кеш. Ашурков, инаку, ја води антикорупциската служба на Навални. Исто така, јасно раговараат за изнаоѓање начини да и се пристапи на руската елита, како и да се искористат невладините организаци и да се поработи на антируска пропаганда.

Сведоци исто така посочуваат  дека Британија ја финансира руската опозиција, како и бројни невладини организации, а се обидува и да и пристапи на руската елита

„Ако имавме пари, се разбира дека ќе го проширевме нашиот тим“, вели Ашурков додавајќи дека негова цел е да дојде до „нешто пари“ и дека, на пример „10, 20 милиони долари годишно“ ќе направат битна разлика. „Тоа воопшто не се големи пари за луѓе кои имаат милијарди да изгубат,“ вели Ашурков на кафе муабет со Џејмс Вилијамс Томас Форд, тогаш втор секретар за политички прашања на амбасадата, кого руските служби го идентификуваат како агент на МИ6.