(Видео) Момировски: Не може да бидат гонети луѓето кои информираат за kpиминал, наместо луѓето коишто го прават kpиминалот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Горан Момировски, зборувајќи за кривичната пријаваа против него во врска со објавените информации за неправилности во работењето на Агенцијата за разузнавање, истакна дека не може да бидат гонети луѓето кои информираат за kpиминал, а да не бидат гонети луѓето коишто го прават kpиминалот.

„Ние знаеме многу повеќе од она што го објавуваме, но внимаваме, тоа го кажав вчера и на обвинителката. Внимаваме да не направиме некаква поголема штета на системот за безбеност на Македонија, но само ако се работи за опш национален, државен безбедносен интерес за граѓаните. Доколку се рботи за обичен, ситен криминал, лични интереси, инволвирање на сопруги, на блиски луѓе, вработување на луѓе без соодветна процедура, тогш немаме никака обврска да молчиме и нема да се согласам, да бидат гонети луѓето коишто информираат за криминалот а да не бидат гонети луѓето коишто го прават криминалот. Јавниот интерес е апсолутно право, ние имаме обврска, како новинари да го објавиме тоа што ќе го дознаеме“, вели Момировски.

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This