дома Македонија (Видео) Момчето кое ги пpeплаши аеродромци, вперувало пластичен пиштoл и во патниците...

(Видео) Момчето кое ги пpeплаши аеродромци, вперувало пластичен пиштoл и во патниците на ЈСП

Момчето кое утрово со пластичен пиштол се шетало низ ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје е приведено, соопшти МВР.

– Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени – информираат од МВР.

На социјалните мрежи е објавено видео од момчето во автобус на ЈСП на кое се гледа како го вперува пиштолот во патниците на автобусот.