дома Македонија (Видео) Момчето yaпceно бидејќи снимало – Еве како беше нaпaднат опозицискиот активист

(Видео) Момчето yaпceно бидејќи снимало – Еве како беше нaпaднат опозицискиот активист

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски го објавува видеото од кое се гледа дека претседателот нa УМС на Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел на  е приведен затоа што снимал за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје.

Од видеото се гледа дека еден од полицајците му вели на момчето дека не смее да снима иако се работи за јавен настан на јавна површина и нема забрана за снимање.

Според она што се гледа од видеото полицаецот го фаќа за рака а потоа тој е приведен.

Полладнево тој е ослободен од МВР.

Инцидентот во кој полицајци се нафрлат врз активистот се случува додека тој снима разговор меѓу двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на полицијата за тоа зошто се запишуваат регистрациите на возилата кои ја блокираат раскрсницата.

На денешните протести на полицијата видео со своите мобилни телефони снимале стотици луѓе но само еден беше приведен.

Видеото можете да го погледнете тука.

https://twitter.com/belichMacedonia/status/1402278977398530056