дома Македонија (Видео) МУ ЛЕТНА ВРАПЧЕТО: Ќе ги учи Австрија, Шведска, Јапонија што е...

(Видео) МУ ЛЕТНА ВРАПЧЕТО: Ќе ги учи Австрија, Шведска, Јапонија што е демократија

Нов голем дипломатски гаф на премиерот Заев од трибината на СДСМ во Битола.

Зборувајќи за НАТО Заев рече дека тоа што ги поврзува сите 30 членки на НАТО е демократијата.

Според него во НАТО членуваат само демократски држави а сите други земји кои што не се членки на алијанската се режими и диктатури.

Со тоа премиерот ги навреди и Србија, Косово и Босна и Херцеговина во регионот но и некои земји кои се познати по своите високи демократски стандарди како Австрија, Финска, Шведска и Ирска кои се членки на ЕУ но од различни причини не дел од алијансата.

Пораката од Заев сигурно ќе стигне и до Москва, Пекинг, Њу Делхи и други светски градови за кои што може да се зборува за недостаток на демократски стандарди од западен тип но никако не смее еден премиер јавно да кажува која држава е а која не е демократија.

Русија и Кина се членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Видеото во кое Заев кажува кои се демократски држави