дома Македонија (Видео) Мaкeдoнчиштe: Столе Попов ги “здpви” Пендаровски и пyбликaтa на филмcкиoт фecтивaл...

(Видео) Мaкeдoнчиштe: Столе Попов ги “здpви” Пендаровски и пyбликaтa на филмcкиoт фecтивaл “Бpaќa Мaнaки”

Режисерот Столе Попов остави печат врз 41. Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола не само како добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм 2020“, туку и со моќните пораки при обраќањето по примањето на признанието.

Човекот што ги режираше култните македонски играни филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, потоа „Џипси меџик“, „До балчак“ и неколку документарци, го искористи свечениот миг да упати силни пораки до политичарите за идентитетот, јазикот, културата, духовноста, за негациите и „бришењата на придавките“…

Помеѓу присутните синоќа беше и претседателот на државата, Стево Пендаровски кој претходно имаше и свое обраќање.