дома Свет (Видео) Најмалку 20 лица зaгинaa откако автобус се преврте во река во...

(Видео) Најмалку 20 лица зaгинaa откако автобус се преврте во река во југоисточниот дел на Кенија

Најмалку 20 лица загинаа кога автобус со членови на хорот на Католичката црква слета во река во Кенија. Десет лица се спасени од автобус кој слета во реката Ензија во југоисточна Кенија, додека 20 тела се извлечени; пренесе Ројтерс

Според полицискиот командир, членовите на хорот отпатувале на свадба на еден од нивните членови.

До трагедијата, како што се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи, дошло поради надојдената река по која минувал автобусот, со панични врисоци на присутните.

Минатата недела имаше обилни врнежи во многу делови на источноафриканската земја, јавува „Ројтерс“.