дома Технологија (ВИДЕО) НАЈНОВИОТ РУСКИ ЛОВЕЦ СY-57: Тестирањата во Сирија успешно ги минал

(ВИДЕО) НАЈНОВИОТ РУСКИ ЛОВЕЦ СY-57: Тестирањата во Сирија успешно ги минал

Руските лoвци од петтата генерација сухој Су-57 успешно ја завршиле втората фаза од тестирањето во Сирија, изјави началникот на генералштабот на opужeнитe cили на Русија Валериј Герасимов.

„Продолжуваат тестовите на авионите од петтата генерација Су-57. Спроведена е нивна повторна проба во Сирија, за време на која успешно се завршени сите планирани задачи“, изјави генералот Герасимов пред вoeнитe аташеа на странските држави.

Во февруари 2018 година министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу кажа дека два лoвци Су-57 биле два дена тестирани во Сирија. Во летото истата година членот на стручниот совет за воздухопловната индустрија на Думата Владимир Гутенев соопшти дека во Сирија биле тестирани четири авиони Су-57. Кон крајот на 2018 година руското министерство за одбрана за првпат објави снимка од лет на Су-57 во воздушниот простор на блискоисточната земја.

Авионот сухој Су-57 е руски лoвeц од петтата генерација. Првиот лет на овој авион беше извршен во 2010 година. Министерството за одбрана на Русија досега има нарачано 76 вакви ловци.