дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) На власта и се случува целосна kaтacтрофа со спрaвувањето со корона...

(Видео) На власта и се случува целосна kaтacтрофа со спрaвувањето со корона kpизата

epa08740248 Medical staff walk in front of the entrance of the University Clinic for Infectious Diseases as patient infected with the COVID-19 disease waits in the ambulance car to enter the Clinic in Skopje, Republic of North Macedonia, 13 October 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia has been on the rise in the past ten days. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемијата која ќе биде формирана од страна на Собранието. Причината за донесување на овој закон е во услови на пандемија да се формира стручно и пред се независно тело кое ќе носи одлуки со цел спрасвување со пандемијата и чиј мандат би траел за време на епидемијата, објасни на вчерашната седница на собраниската Комисија за здравство, пратеникот Петар Ристевски.

-Целта е да имаме комисија составена од професионалци во областа во која би членувале 11 членови, 9 од здравствените области и министерот за здравство и директорот на ЦУК, но не со овој. Со него Господ да ни е напомош. Со вакво кадровско решение за директор на ЦУК само се отсликува комплетниот однос на Владата кон оваа криза во целост. Кога бројката на заразени надмина 55.000, кога имамае над 1500 починати и над 20.000 активни случаи, недостиг на тестови, медицински персонал, кога имаме хаос во здравствениот систем, Зоран Заев и Владата поставуваат човек кој се фали со својата интелектуална способност и објаснува како се користела главата во вакви кризи, па ја користел за кршење на ќерамиди. Такво решение имаме на толку важна функција, ете толку сериозно ја сфаќаат оваа криза. Стојанче Ангелов се поставува за директор на ЦУК во едни вакви услови на пандемија, истакна Ристески.

Тој рече дека на власта и се случува целосна катастрофа со справувањето со корона кризата.

-Бројките на заразени и починати се далеку над сите предвидувања, над сите планови на Филипче, зборуваат за некоја нова нормалност, но сведоци сме дека ни се случува некоја ненормалност. Ова е најслабиот министер за здравство во историјата на Република Македонија, нагласи Ристевски.