дома Македонија Видео: На Заев му е смешно дивeeњето на „Швepцерите“ во МНТ

Видео: На Заев му е смешно дивeeњето на „Швepцерите“ во МНТ

Не стивнуваат реакциите во јавноста по прославата на навивачката група на Шкупи, „Шверцери“. На социјалните особено се коментира реакцијата на Заев за тоа како навивачите се нашле во Македонскиот народен театар и оти тоа не било „баш културна манифестација“.

Сепак, најреволтирачко е циничното смеење на премиерот во заминување кога објаснува за демолирањето на „Шверцерите“ во МНТ. Исто така, досега нема информација дали некој од навивачите е повикан на информативен разговор за кршењето на театарот

Заев најави дека денеска на владина седница ќе се разгледаат информациите и ќе се донесе заклучок.

Денеска на седница на Влада очекувам информација од Министерството за култура и од потпретседателот на Владата и ресорниот министер за политички систем за да можеме да ја информираме јавноста за тоа како се случил настанот, кој е одговорен, дали има штети – нема штети, изјави премиерот во заминување Заев.

Дека целата претстава на „Шверерите“ била режирана и за прославата власта добро знаела вчера откри и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски тврди дека припадници на ЕБР и на Алфите биле околу театарот а и самата на навивачка група на Фејсбук една недела претходно го најавила настанот.

Каков е тој претседател на влада кој ги слуша тие пораки, молчи и не одговара. Тоа е корумиран до гуша.Единствениот начин да не реагира на таква работа е да се плаши за себе а се плаши за себе затоа што знае дека после промената ќе одговара за криминалот и корупцијата. Додека министерот за образование дава изјави дека нема ништо лошо во тоа а Заев дава изјави во кои што се смее а нема и што друго да прави затоа што тој е виновен, тој е врвот на пирамидата на одговорност во овој скандал-објасни Николоски.
https://twitter.com/nebidnina/status/1198918905336664065?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1198918905336664065&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fza-premierot-vo-zaminuvanje-e-smeshno-diveenjeto-na-shvercerite-vo-mnt%2F