дома Актуелно (Видео) На лице место, Русковска разговарала со сопственикот на БЕСА ТРАНС: Автобусите...

(Видео) На лице место, Русковска разговарала со сопственикот на БЕСА ТРАНС: Автобусите биле стари само три години, повеќе верува на дokaзи отколку на сведоци

Првичните информации велат дека автобусот на Беса Транс кој ужествуваше во стравична несреќа во која 45 лица го загубија својот живот се стари само три години истакна Борислав Сарафов, директор на Националната истражна служба, тело на бугарското обвинителство.

Во моментов на лице место се обвинителот Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска која на местото на несреќата разговарала со сопственикот на автобусот.

-Тука на лице место каде што е автобусот се наоѓа сопственикот на превозната фирма, кратко разговарав со истиот. Рече дека 20 години има фирма за транспорт досега немало никаков инциден, според неговото кажување. Но како што веќе кажаа колегите ќе ја обезбедиме целокупната документација за сите автобуси кога се регистрирани, кога биле на технички преглед и ќе им ги испратиме на колегите тука во Бугарија. Тој може се да каже, но треба да ги видиме документите, ние обвинителите повеќе веруваме на документи отколку на исказ на било кого.