дома Занимливости (Видео) Неверојатен скок: Мексикански падобранци извeдоа лyд скок директно над египетските...

(Видео) Неверојатен скок: Мексикански падобранци извeдоа лyд скок директно над египетските пирамиди

Група падобранци изведоа неверојатен трик скокајќи од небото директно над пирамидите во Гиза, пренесува „Спутник“.

Мексиканецот Јаир Гајардо и неговиот тим добија дозвола да скокаат на историското место правејќи притоа епска снимка од скокот.

„Ова беше највозбудливото искуство во мојот живот“, рече падобранецот.

„Повеќе луѓе се искачија на врвот на Еверест отколку што ја прескокнаа Гиза. Имам знак за штиклирано во срцето“.

Гајардо продолжи: „Верувам дека мора да уживаш во процесот на учење и да бидеш благодарен на новите работи што ги учиш секој ден, без разлика колку се мали“.