дома Занимливости (Видео) Неверојатна глетка: Како изгледа да се лета со авион сред ypaганот...

(Видео) Неверојатна глетка: Како изгледа да се лета со авион сред ypaганот “Ида”

Во државите Луизијана, Алабама и Мисисипи во САД е прогласена вонредна состојба, а милиони луѓе се уште се обидуваат да се евакуираат, иако ypaганот Ида стигна до брегот.
Авион на Националната администрација за океани и атмосфера на САД полета рано наутро во неделата во самиот центар на ураганот за да ја испита неговата сила, пренесува Мондо.

Вака изгледа летот до центарот на ураганот ИДА:

Ураганот Ида е многу разорна бура од четврта категорија, која доби значителна сила додека се движеше низ Мексиканскиот Залив. Брзината на ветерот е 240 километри на час, објави Националниот центар за урагани.