дома Свет (Видео) НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете како се гради болницата во Вухан, Кина

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете како се гради болницата во Вухан, Кина

Кинескиот град Вухан, кој е во изолација поради Корона вирусот, ќе изгради посебна болница за лекување на пациентите од оваа зараза, а се очекува да има 1300 кревети.

Според официјалните информации, досега од вирусот починале над 40 лица, а бројката на заразени надмина 1000. Моментално во Кина е прогласен карантин во 15 градови, додека Светската здравствена организација одлучи да го одложи прогласувањето на глобална епидемија.

Вирусот се пренесува преку директен контакт, а има симптоми на настинка. Започнува со треска и кашлање, а може да се јават и потекотии со дишењето.