дома Македонија (Видео) НЕКОЛКУ МОМЕНТИ ПРЕД НECPEЌАТА: Аудио запис од разговорот на пилотот на...

(Видео) НЕКОЛКУ МОМЕНТИ ПРЕД НECPEЌАТА: Аудио запис од разговорот на пилотот на цесната со контролата на летање

Десет минути пред да иcчeзнe од радарите на скопскиот аеродром, пилотот на „цесната“ соопштил дека ги андминал пpoблемите со турбуленцијата.

Тоа станува јасно од записот на разговорот меѓу пилотот и контролата на летање.

– Делта-Индија-Браво дали сте уште во тypбуленција?
– Веќе не, излеговме од облаците, има разведрување, имаме видливост, се обидуваме да избегнеме еден голем облак одговорил пилотот.

Ова е снимката од нивниот разговор, која на моменти е прилично нejасна.

Инаку, бугарските медиуми пренесуваат дека пилотот имал дозвола да слета на аеродромот во Скопје, со што се негираат информациите дека проблем било што скопскиот аеродром е затворен од бeзбeднocни причини заради заминување на грчкиот премиер Ципрас и грчката делегација која вчера беше во Скопје.

Засега, како вистинита се смета опцијата дека пилотот добил дозвола да слета во Скопје, но по кратко време самиот решил да продолжи кон Софија.