дома Македонија (Видео) НЕЛИ НЕМАШЕ ВMEШАНО ПОЛИТИЧАРИ ВО PEKET: Русковска повика истpaжувачките новинари да...

(Видео) НЕЛИ НЕМАШЕ ВMEШАНО ПОЛИТИЧАРИ ВО PEKET: Русковска повика истpaжувачките новинари да истpaжуваат, а таа ќе aпcи

По распитот на Јасна Мандиќ, јавната обвинителка од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска даде изјава за новинарите во која што истакна дека за осомничената е побаран ефективен привтор, но судот одлучил таа да добие само домашен притвор. Мандиќ се терети за измама и перење пари. Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски запраша како од оваа временска дистанца Русковска ја коментирала својата и  изјавата на Јовевски дека во случајот Рекет не се вмешани политичари со оглед на тоа што пратеничката Фросина Ременски е еден од осомничените во случајот.

-Како ќе ја коментирате од денешен аспект вашата и изјавата на Јовевски кога тврдевте бевте сигурни дека во аферата Рекет нема вклучено политичари. Еве денес гледаме една пратеничка и потпретседател на Собранието е веќе осомничена, запраша Митовски.

-Во тој момент немавме никакви докази или сознанија дека има вклучено политичар. Зборувам за тој момент, потоа каде не одведоа доказите е сосема друга работа. Значи ние кога ја имавме таа прес конференција го кажавме она за што со кои докази располагавме, одговори Русковска.

Митовски ја запраша Русковска дали ќе покрене кривична пријава против истражувачки новинар ако се објави некоја информација која што не е пријатна за обвинителството.

-Обвинителке ако некој од истражувачките новинари кои што сега ги повикавте да работат најдат некоја информација која што е можеби непријатна за обвинителството, ќе поднесете ли кривична пријава  против таков истражувачки новинар, праша тој.

-Видете јас донесов наредба за истрага и ќе поднесам обвинение за јавен обвинител. Воопшто не смеете да се сомневате дека за било кој друг јавен обвинител доколку добијам сознанија дека нема да донесам наредба за истрага и нема да покренам обвиненија одговори обвинителката.