дома Балкан (Видео) Не се знае кој кого тeпa: Масовна тeпaчка во Приштина каква...

(Видео) Не се знае кој кого тeпa: Масовна тeпaчка во Приштина каква што не сте виделе

Основното обвинителство во Приштина, со одлука на дежурниот обвинител, задржа осум лица во притвор 48 часа, под сомнение дека учествувале во масовна тепачка, соопшти косовската полиција.

По тепачката, лице со иницијали Н.Р. се здобило со тешки телесни повреди, пренесува „Косово онлајн“.

Притворени се Ц.З, Б.З, М.Р, Д.Н, М.Ј, Д.Т., Л.К. и малолетник, под сомнение дека сториле кривично дело „учество во тепачка“, се додава во соопштението.

Обвинителот, како што се додава, ќе поднесе барање за притвор на осомничените во законскиот рок.