April 23, 2024, 11:58 pm

(Видео) Не сите xepoи носат наметки: Волонтерот Нелсон од Португалија четири дена гасне пожapи во делчевско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште.

На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна.

Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.

Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон селото.

Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.

-Ништо не е смирено, неколкупати го потценивме овој оган и неколкупати се соочивме со многу поголеми штети од тоа што можевме или не знам дали можевме да спречиме. Сега ќе одиме пак мала екипа да се распоредиме затоа што огнот е веќе на премногу места и ќе се обидеме да го спречиме, рече Димитровски.

Присустни во селото се и мештани од Трботевиште за да помогнат во натамошно ширење на пожарот кај Свети води.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This