(Видео) Николоски: Еден предавник како Зоран Заев нема да стави крај континуитетот на македонската бopба за самостојност и за државност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва се обрати пред кавадарчани. Македонија во моментот ја живее својата најголема криза од самостојноста до денес, рече Николски пред присутните, посочјувајќи ја вината на адреса на старо-новата криминална коалиција на СДСМ и ДУИ.

Ваква криза државата не памети од својата независност до денес. Ваква криза можат да ја решат само најголемите умови кои што оваа држава ги има, најдобрите, патриоти, чесните синови и ќерки на оваа Македонија. Оставка на Заев за ден поскоро оваа влада да замине. Да се формира влада на национално единство подржана од сите политички партии која што ќе ги реши овие три проблеми и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори на кои што ќе се случи промената во Македонија, рече Николоски.

Тој потенцира дека предвремени парламентарни избори се потребни за зачувување на македонското национално достоинство и посебноста на македонскиот народ и јазикот, културата и самобитноста.

Македонската држава и македонскиот народ имаат јасен политички и општествен континуитет. Почнувајќи од преродбениците во 19-тиот век, преку востанијата кои што се воделе на македонска почва, крунисувајќи ги со Илинденското востание, борбите во Mладотурската револуција, борбите во Првата и во Втората балканска војна, познатото Тиквешко востание кое што се случува во овј регион, Охридското и Дебарско востание и останатите кои што се реакција на поделбата на Македонија со балканските војни, борбата во Првата светска војна, практично револуцијата која што се случува на терторија на цела Македонија помеѓу двете светски војни и круна антифашистичката борба во која што не случајно беше одбрано токму 2ри Август Илинден да е денот на кој што ќе одржи првото заседание на АСНОМ како јасен политички континуитет на Илинденското востание и во која што антифашистичка борба, Македонските партизански одреди не случајно ги носеа имињата на најголемите илинденци и членови на ВМРО со цел да се покаже тој континуитет. А исто така еден од врвните водачи беше водачот на ВМРО обединета Димитар Влахов кој што победеносно влезе во Скопје заедно со Методија Андонов Ченто и со Михајло Апостолски генералот и душата на македонските партизански одреди. И финално, борбата за своја самостојност и независност која што беше крунисана со референдумот на 8ми Септември 1991 година. Тоа е континуитетот на македонската борба за самостојност и за државност. Тоа е континуитетот на борбата на македонскиот народ на која што еден предавник, еден трговец, еден бандит како Зоран Заев нема да стави крај, а уште помалку ќе го уништи и во тоа сум убеден, во тоа сум сигурен, потсети Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This