дома Македонија (Видео) „Ништо не те плaши Македонијо на овој бели свет“: „Земјо македонска“...

(Видео) „Ништо не те плaши Македонијо на овој бели свет“: „Земјо македонска“ eчeшe во Мелбурн при настапот на Танец

Неверојатна атмосфера на првиот од трите најавени концерти на ,,Танец”, ансамбл за народни игри и песни на Македонија, одржан во Мелбурн, Австралија. Македонците, иселеници сплотени како никогаш досега, цела сала во еден глас ја пееше „Земјо македонско“.

Како што се гледа од фоторафиите концертот на ,,Танец” во Мелбур се одржа во преполната сала. Се барало влезница повеќе за уметничкиот настан, а задоволни нашинци во тек на концертот споделуваа фотографии и видеа од самото место, каде се гледаше многубројната публика која не ги штедеше аплаузите