дома Социјални Мрежи (Видео) Нова зграда ги става во опacност животите на жителите на Кисела...

(Видео) Нова зграда ги става во опacност животите на жителите на Кисела вода

На улица „Невена Ѓорѓиева Дуња“, во Кисела Вода, на околу 200 метри од општината, се гради нова седумкатна зграда во која се планирани околу 100 станови.

На барање на жителите кои во околните куќи и згради , а кои посочуваат на низа недоследности поврзани директно со новата градба, реагираше советникот во Советот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеоѓиевски.

Како што може да се види на видеото кое, Ѓорѓиевски го објави на својот фејсбук профил, се гледа една ископана површина, околу која не се поставени заштитни стопи и која што на никаков начин не е заштитена. Животите на жителите во околните згради се доводени во опаснот и при најмал дожд. Дополнително, со начинот на кој што е ископана дупката, е одронет дел од споредната улица која што поминува непосредно до куќите, што претставува опасност при одрон кој што може да ги повлече и зградите и куќите.

Фирмата која го изведува проектот, до минатиот петок, како што изјави Ѓорѓиевски, немала дозвола за работа. Дополнителни сомнителни околности се што фирмата денес закачила одобрување за градба, а работи на градилиштето се изведуваат веќе 10-15 дена.. , но за отпочнување со работа по издавање на дозвола за градба потребно е да настапи правосилност, па дури потоа да се започне со работа.

Ѓорѓиевски посочува дека ова е класичен пример за криминалот на градежната мафија која што владее во општина Кисела Вода, на чело со градоначалникот Филип Темелковски.

Тој упати апел до градежниот инспекторат веднаш да постапи по укажувањата на граѓаните во тој реѓион, но и на советниците во Советот на општина Кисела Вода.

„Овој криминал, ова градежно лудило, ова градежна експанзија, мора да запре“, апелираше Ѓорѓиевски.

.