дома Актуелно (Видео) Нова снимка од Гевгелија: Пламените јазици ќе го голтнат Фламинго!

(Видео) Нова снимка од Гевгелија: Пламените јазици ќе го голтнат Фламинго!

Пожарот кој попладнево околу 13 часот изби пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица забрзано се ближи кон граничниот премин.

Сообраќајот во моментот се одвива без прекини, а ожарникарски екипи од ТППЕ Гевгелија со возила и пожарникари веќе се излезени на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго”.

На помош на пожарникарите им се приклучија и екипи од јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Гевгелија. Со заеднички напори присутните на терен се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење кон наведените објекти и преминување на грчка територија.