(Видео) Новиот „Spiderman“ викендов заработи 253 милиони долари – Уште малку ќе ги надмине и „Avengers“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновиот филм за авантурите на Спајдермен „Пат без враќање“ го постигна третиот најдобар резултат на сите времиња во Северна Америка, заработувајќи 253 милиони долари за време на викендот, според привремената проценка на специјализираната агенција „Ексхибитор Рилејшнс“.

Филмот, кој Холивуд и филмската индустрија со нетрпение го чекаа, го надминале само „Одмаздници: Крајна игра“ (357 милиони долари) и „Одмаздници: Бесконечна војна“ (258 милиони) во аналите на најгледаните филмови во САД и Канада во првиот викенд од прикажувањето, според веб-страницата на „Бокс Офис Моџо“, а според веб-страницата „Дедлајн“ ова е најгледаниот филм на „Сони“.

Спајдермен „Пат без враќање“ е третиот филм во кој популарниот „човек пајак“ го игра Британецот Том Холанд. И минатите изданија во кои Тоби Мегваер и Ендру Гарфилд ги носеа црвено-сини костими исто така доживеаја рекордна гледаност во кината.

Приказната продолжува таму каде што завршува „Далеку од дома“ (2019), со Спајдермен чиј вистински идентитет, Питер Паркер, јавно го открива злобниот Мистерио. Средношколецот очајнички се обидува повторно да стане анонимен со помош на уште еден лик на Марвел, Доктор Стрејнџ, кој го игра не помалку популарниот Бенедикт Камбербач.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This