дома Македонија (Видео) НОВ ДИПЛОМАТСКИ CKAHДАЛ, ЗАЕВ СЕ „ПOBAMПИРИ“: Во Полска и Унгарија нема...

(Видео) НОВ ДИПЛОМАТСКИ CKAHДАЛ, ЗАЕВ СЕ „ПOBAMПИРИ“: Во Полска и Унгарија нема владеење на право

По вчерашниот нокаут од Европската Унија, Зоран Зае изгуби целосна контрола и среде Виена се дрзна отворено или како што вели транспратентно да ги нападне нашите најголели стратешки партнери кога станува збор за нашата европска перспектива, државите членки на Вишеградската група, Унгарија и Полска.

Претседателството со Советот на ЕУ, со кој раководи Финска, вчера ја повлече и препораката за почеток на пристапни преговори за членство во Европската Унија со Македонија и Албанија.

Според анексот на заклучоците од денешниот состанок, Претседателството на Советот на ЕУ донесе одлука за повлекување на препораките за почеток на пристапни преговори со ЕУ за Македонија и Албанија донесена на 19 јуни годинава.

-Ние сакаме да бидеме дел од Европа бидејќи ние веруваме во европските вредности. Понекогаш можеби повеќе веруваме во тие европски вредности од некои држави членки. Споменувам транспарентно, држави како Полска, Унгарија каде имаат проблеми со владеење на правото и други внатрешни проблеми.

Погледнете од 25:45 па натаму: