дома Технологија (ВИДЕО) НОВ НЕВИДЛИВ БОМБАРДЕР: Русија прави нов летачки ѕвер

(ВИДЕО) НОВ НЕВИДЛИВ БОМБАРДЕР: Русија прави нов летачки ѕвер

Русија започнала нова фаза на развој ба ПК ДА, најсовремениот стратешки бомбардер- носач на ракети. Карактеристиките на новиот авион се чуваа во најголема тајност.

Новиот бомбардер ќе биде дел од руската „нуклеарна тријада“.

Според руските медиуми сериското производство на перспективниот воздухопловен систем со долг домет- ПАК ДА, кој се нарекува и руски стелт бомбардер ќе започне во 2027 година.

На конструкција на перспективниот стратешки бомбардер од новата генерација ПАК ДА со фабричка ознака „производ 80“ работи компанијата за производство на авиони „Тупољев“ . Проектот не преставува модернизација на постоечки авион, туку производство на нов авион.

Прв пат новиот бомбардер ќе полета за време на фабричките тестирања. Прелиминарните тестирања на новиот авион ќе започнат во 2023 година, што подразбира тестирања во основните режими на работа, за што ќе бидат потребни 50 до 100 лета во период од околу една година. Потоа ќе следува државно тестирање, при кои ќе биде проверено апсолутно се – работа на различни температури, височини, брзини….

Познато е дека новиот бомбардер ќе биде направен со примена на стелт технологијата и ќе биде скоро невидлив за непријателските радари.

Руските медиуми наведуваат дека прво ќе се произведат три бомбардери од шестата генерација, кои ќе имаат по четири членови на екипажот.

Покрај конвенционалното и нуклеарно вооружување ПАК ДА ќе може да се вооружи и со хиперсонично оружје и ракети воздух – воздух. Авионот ќе може да носи и многу поголем товар од неговите претходници и да погодува стратешки значајни непријателски цели на оддалеченост од неколку илјади километри.

Новиот бомбардер ќе има долет без дополнување на гориво како ниту еден бомбардер претходно.

„Белиот лебед“ авионот Ту – 160 , кој е еден од авионите кои ќе бидат заменети од новиот ПАК Да , најголемиот суперсоничен авион на светот има долет од 14000 километри без дополнување на гориво. Развива брзина од 2200 километри на час и на непријателот може да му „испорача“ 44 тони бомби и ракети што е апсолутен рекорд. Новиот руски бомбардер ќе ги надмине овие рекорди.